На средба со министерот за земјоделство

Паолучи: Земете ги предвид странските поуки во однос на продажба на државно земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите. Директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи смета дека Владата треба да ги проучи и земе предвид поуките од други земји кои примениле слични модели на продажба на земјиште.

Директорот на Светска банка во земјава, Паолучи, на новинарско прашање да даде оценка за владиниот предлог за продажба на државно земјоделско земјиште, изјави дека не е информиран за содржината на законскиот предлог и дека не може да даде конкретен коментар, но дека може да укаже на туѓи искуства.

„Има многу примери во светот каде што се преземени слични иницијативи. Би рекол дека рецептот тука е да се комбинира јавниот интерес со моделот на раст на земјата. Решението тука би требало соодветно да ги искомбинира овие два елементи и да одговара на потребите на луѓето во Македонија. Како што реков, имаме неколку примери коишто сме ги виделе ширум светот како и во европскиот регион, така и пошироко и имаме неколку извлечени поуки. Уверен сум дека властите во Македонија ги проучуваат и ги разгледуваат овие извлечени поуки за да го спроведат сето ова во согласност со најдобрите меѓународни практики", оцени Паолучи.

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа вели дека ова законско решение нема да биде повлечено.

„Во врска со предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште точно е дека е завршена фазата на разгледување во ЕНЕР. Работната група што го изготвува законот веќе ги прибираше сите забелешки што се ставени на ЕНЕР и започна комуникација и со засегнатите страни. И јас и работната група започнавме кампања со цел на земјоделците да им се објасни законот и да ја процениме нивната подготвеност, како и разговори со засегнатите страни", рече Хоџа одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и со директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Тој информира дека вчера е остварена комуникација со Федерација на фармери, што, како што посочи, првично биле против, а сега по разгледувањата на предлозите што ги предвидуваше и делот на ЕНЕР, но и оние во писмото што го испратиле до Министерството, зеле предвид некои решенија.

„Останува да се организираат уште најмалку две или три јавни дебати каде што ќе бидат присутни по региони и засегнатите страни и самите земјоделци и после тоа кога ќе имаме крајно решение, односно пречистен текст со сите забелешки и сите аргументирани предлози тогаш ќе се продолжи процедурата за доставување до Собрание и за понатамошно собраниска процедура", истакна Хоџа.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе