Пандемијата засега не ја поскапува храната

 Кризата предизвиканата од ковид-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.

Ќе јадеме ли поскап леб? Ќе купуваме ли поскапа храна? Овие прашање се наметнуваат зашто и по 10 изминати месеци ништо не е извесно – до кога ќе трае околу пандемијата и колку „разорно“ ќе влијае врз стопанството.

Мелничарите велат дека досега поскапувања на лебот и пецивата немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.

„Со оглед дека генерално целата ситуација со корона-вирусот е неизвесна, не се исклучува ништо, се е можно, па и промена на цените. Многу ќе зависи какви ќе бидат увозните цени, понудите“, вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, поскапувањето на пченицата трае во континуитет веќе неколку месеци зашто побарувачката поради корона кризата е зголемена.

„Земјите во светот почнаа да си ги зголемуваат залихите на пченица, а Русија стави и данок на извоз на пченицата. Сите стравуваат дали ќе имаат доволно храна. Цената засега е стабилна. Ако сега увезуваме од Србија, пченицата чини околу 13,5 денари за килограм, со вкупни трошоци. Пред два месеца беше 12 денари, потоа се зголеми на 14,5 денари кога всушност беше и пикот, а сега е повторно намалена за денар“, вели Малишиќ.

На пазарот, додава, нема зголемување зашто Србите имаат вишок производство поради што ја држат непроменета цената на брашното како во времето на жетвата. Домашното жито, пак, кое во жетвата беше меѓу 10,5 – 11 денари, достигна максимум 12,5 денари. Тогаш од Србија се увезуваше за најмногу 12 денари, а цената на брашното (обичното, тип 500), беше 15,5 – 16 денари

„Цело време додека се качува цената на пченицата во светот и во Србија, Србите брашното ни го продаваат за 14 денари колку што чинеше пченицата кај нас, нормално со несоодветно деклариран квалитет. Тие практично, ја држат цената долу и затоа нашите мелници работат со само 20 отсто или ни толку“, објаснува Малишиќ.

Според претседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Огнен Оровчанец, на светските берзи цената на тон пченица бележи зголемување и се движи меѓу 190 до 210 евра. Раст бележи и цената на добиточното брашно.

Оровчанец смета дека растот на цената на основните земјоделски производи, секако ќе предизвика раст на цените на преработките.

„Вообичаено, цената на пченицата во овој период од годината изнесуваше околу 140 евра за тон. На светските брзи цената на тон пченица во овој период од годината вообичаено се движеше околу 140 евра за еден тон, а сега се движи меѓу 190 и 210 евра за тон. Раст бележи и цената на добиточното брашно. Растот на цената на основните земјоделски производи, односно на примарното производство секако ќе предизвика раст на цените на преработките. Парадокс е што цената на суровината расте во услови на намалена потрошувачка. Намалувањето на платите и отпуштањето од работа ја намалува куповната моќ на граѓаните. Потрошувачката е намалена и поради тоа што угостителскиот сектор работи редуцирано. За да се подобрат состојбите треба да се преземат мерки за поттикнување на јавната потрошувачка. Агро-бизнис комората исто така апелира поскоро да се исплатат субвенциите за земјоделството“, наведува Оровчанец.

Советникот за земјоделство во Стопанската комора, Васко Ристовски за МИА вели дека промени на цените кај прехранбените продукти како резултат на ковид-19 не се очекуваат. Промени се можни само како резултат на пазарните движења, пред се во земјите на ЦЕФТА и ЕУ.

„Цените во изминатиот период беа релативно стабилни, а тоа се должеше на редовното снабдување со суровина која и на европскиот пазар не претрпи ценовни измени, дури кај одредени производи цените беа намалени. Најкритичен сектор и натаму останува мелничко-пекарската индустрија. Во моментов се изедначени цените на пазарот на домашната пченица и увезеното српско брашно, со што се доведува во прашање ликвидноста на домашните мелници“, истакнува Ристовски.

Во текот на здравствено-економската криза работата на земјоделско-прехранбениот сектор генерално, беше забавена поради новите правила за ограничување на движење како одговор на пандемијата. Најголемите предизвици со кои секторот се соочуваше, се однесуваа на организација и логистика на увозот и извозот на своите производи, како и на организација на тековните земјоделски и производствени процеси кај претпријатијата поради ограниченото работно време и движење. Како што напоменува Ристовски, загубите на земјоделско-прехранбениот сектор во првиот квартал од 2020 година во споредба со првиот квартал од 2019-та се проценети на околу 22 – 40 проценти. Поради тоа, секторот во 2020 година очекува намалена профитабилност за 41 – 60 проценти.

Намалувањето на потрошувачката евидентирана изминатиот период и глобалната рецесија што им се заканува на повеќето земји во светот, ќе предизвикаат шок на пазарот со драстичен пад на цените на храната, стои во заедничкиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Агенцијата за храна на Обединетите нации.

Утврдено е и дека во следните 10 години, растот на понудата ќе го надмине растот на побарувачката, предизвикувајќи реалните цени на повеќето производи да останат исти или дури и под нивното ниво.

Според извештајот, во следните десет години светското производство на жито се очекува да се зголеми за околу 85 проценти.

МИА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе