Железнички сообраќај

Пандемијата го преполови бројот на патници со воз

Во домашниот железнички сообраќај во јуни дневно во просек има околу 700 патници. Во товарниот и покрај намалувањето на обемот на работа од 24,5 проценти во март, не е намален бројот на клиенти и се склучени два нови меѓународни договори за транспорт, изјавија за МИА од Железници на РСМ Транспорт.

Просечниот дневен број на патници со воз во услови на пандемија месецов е двојно помал од бројот во истиот период лани кога со воз патувале по 1.500.

И во железничкиот патнички сообраќај, како и во меѓуградскиот и јавниот превоз е во сила мерката за ограничување на капацитетот на превозот за 50 проценти, односно со два метра растојание меѓу патниците.

Со мерките на Владата се укинати бесплатните билети за пензионерите и студентите во тек на викендите, а тие патници значително го зголемуваа вкупниот број.

Пандемијата го одложи и функционирањето на  меѓународната сезонска линија Белград-Скопје-Солун-Белград, што требаше да стартува на 12 јуни.

Железници на РСМ Транспорт во координација со Србија воз и грчки Траиносе  процениле дека не постојат услови за непречен проток на патници. Со тој меѓународен воз што е во функција од јуни до 20 септември лани дневно патувале по 30 патника.

„Бидејќи во моментот не постојат услови за непречен проток на патници кои би патувале со возовите 1335/1334 на релација Белград – Скопје – Солун – Белград, во координација со Србија воз и грчки Траиносе, се одложи почетокот на сообраќај на овие возови до усогласување на ставовите на железничките управи на превозниот пат и создавање услови за непречен сообраќај“, појаснуваат од Железници на РСМ Транспорт.

За товарниот железнички превоз, според податоците на ЖРСМ Транспорт, по растот од 29 проценти во првите два месеца од годинава, во март забележале намалување за 24,5 проценти.

Бројот на склучени договори за транспорт е ист како и во 2019 година, и како што велат, постои интерес и склучени се два нови меѓународни договора за транспорт.

„Во ова време на криза, тешко е да се процени, но се надеваме дека со крајот на кризата и развојот на економијата, транспортот ќе се зголеми во исто време и ќе го зголемиме нивото што го имавме на почетокот на годината“, изјавија за МИА од Железници транспорт.

Товарниот превоз на ова претпријатие го користат клиенти кои бараат масовен транспорт: руди, метални производи, нафтени производи, мазут и гас, дрво и производи од дрво, меласа, вештачко ѓубриво, сите видови јаглен, кварцен камен, киселини и други хемикалии, соединенија, шеќер, сол, житарици, производи за широка потрошувачка…

 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе