Што ја чека новата Влада? (4)

Пад на производството во енергетиката

Со помош на Стопанската комора на Македонија, МКД.мк објавува серија написи за тоа каква е состојбата во македонското стопанство во услови на пандемија. Главните елементи на овие секторски анализи се неизвесност, пад во производството во споредба со лани, намалени нарачки од странство и барања за помош од државата.

Во енергетиката производството според главните индустриски групи во периодот јануари-јуни 2020 година, во однос на истиот период лани бележи опаѓање за 12,4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во мај 2020 година бележи пад за 13,5%.

ТЕ-ТО  успешно работи и оваа летна сезона по исти услови како и минатата година во летниот период со намалена дистрибутивна такса која изнесува 50% од цената за дистрибитувна такса. Ова доведува зголемената потрошувачка на природниот гас да биде на исто или повисоко ниво од лани.

Топлификацискиот систем ја очекува новата регулирана цена за топлинска енергија и е подготвен за наредниот период.

Потрошувачката на нафтени деривати, по првичниот шок заради мерките кои се преземаа за справување со кризата предизвикана од ковид-19 (кои доведоа до намалена активност на индустријата и населението) потрошувачка е стабилизирана, ни изјави Перо Авакумовски, советник во Стопанската комора на Македонија

Берзите на електрична енергија во регионот се стабилизирани и во периодов цената на мегават час е на ниво под 40 евра, а предвидувањата за следниот период се дека цената ќе достигне до 50 евра мегават час.

(Продолжува)

ШТО ЈА ЧЕКА НОВАТА ВЛАДА? (1)

Пандемијата ја намали продуктивноста во градежништвото

ШТО ЈА ЧЕКА НОВАТА ВЛАДА? (2)

Сѐ помалку нарачки за текстилците, ќе останат ли без работа над 40 илјади текстилни работнички?

ШТО ЈА ЧЕКА НОВАТА ВЛАДА? (3)

Фармацевтско-хемиската без проблеми, пад во металната и електро индустријата


На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе