Пад на извршената работа на домашните градежници во странство

Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211.913.000 денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162.755.000 денари, што е за 42,7 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019-та  година.

Во Германија се извршени градежни работи во вредност од над 90 милиони денари, во Црна Гора од приближно 30 милиони денари, во Босна и Херцеговина од близу 20 милиони денари, а во вредност од 10 милиони денари во Косово.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе