Владата одлучи

Овчарите ќе добијат дополнително по 400 денари за предадено јагне

Овчарите ќе добијат дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, одлучи Владата на последната седница.

Дополнителната субвенција, како што соопшти Министерството за земјоделство, се носи поради проблемите со висината на цената на јагнето што ја имаат одгледувачите.

„За да се намалат загубите на одгледувачите на овци одлучивме да воведеме нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства, одгледувачи на овци и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 1 јануари 2019 година до 30 јуни 2019 година“, информира Министерството.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе