Отворена нова винарија во Македонија, словенечка инвестиција

Се отвора една нова успешна приказна, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на синоќешното отворање на обновена винарска визба во неготинско Дисан, словенечка инвестиција. Се работи за ,,бутик" винарска визба на (,,Puklavec family wines"), еден од најголемите словенечки извозници на вино. Со ова, словенечкиот инвеститор, на својата богата понуда, додава и врвни црвени вина. Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра, а почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно.

„Особено ми е драго што со министерката, со Владата на Република Словенија и како Министерство, како влади, имаме навистина одлична институционална соработка. Таа соработка покажа и потврди во периодот дека навистина имаме сериозна поддршка во нашите намери и во нашите планови, во нашите мерки и политики што ги креираме во овој дел особено. За тоа сведочи соработката успешна помеѓу нашите министерства во реализацијата на низа политики.

Денеска ја имавме повторно таа прилика со министерката да разговараме за целокупната поддршка и заеднички проекти кои ќе ги имаме во следниот период. Минатата година бевме партнер на еден од најзначајните саеми во Република Словенија, земја партнер, ја посетивме и токму оваа винарија,  а денеска сме тука во Дисан. Ние како институции, како министерства сме тука да бидиме сервис на бизнис секторот,  да помагаме и да даваме целокупна поддршка и да ги создаваме сите неопходни услови.

Убеден сум дека токму оваа соработка која што постои како нас како држави, како влади, како министерства, со сите овие планови,  со сите овие нови проекти за кои што сме денеска и сведоци, тука и нашето присуство потврдува,  дека навистина сме фокусирани во тој дел да направиме се, за реализација на крупни инвестициски зафати за кои бизнис секторот навистина е подготвен, нагласи министерот, изразувајќи надеж за многу успешни проекти во наредниот период, посакувајќи уште многу плодна соработка и проширување на капацитетите.

Задоволство од одличните односи помеѓу Словенија  и Северна Македонија  изрази и Александра Пивец, министерка за земјоделство, шумарство и прехрана на Република Словенија. Таа нагласи дека Северна Македонија е важен производствен партнер за нив, дека размената на стоки константно расте. Информираше дека претпријатија со мнозинство словенечки капитал,  во Северна Македонија обезбедуваат приближно 2.500 работни места.

„Словенија и во иднина ќе нуди помош од експерти, кои ќе придонесат за побрзо вклучување на Северна Македонија во Европската Унија. Се надеваме дека Северна Македонија во јуни ќе добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со Унијата, бидејќи, според мислењето на Словенија, уште минатата година исполнуваше услови за почеток на преговорите, во рамки со препораката на Европската комисија, рече словенечката министерка.

Таа додаде дека Словенија има помалку лозја од Северна Македонија и дека уште од порано, била многу голем увозник на македонско вино. Инвестицијата пак, е една од најголемите на словенечките компании во странство.

Менаџерот на винаријата во Дисан, Дане Јованов потсети дека возобновениот храм на црвени вина во Дисан датира од 2011 година. Се осврна на тоа дека словенечкиот инвеститор ја има една од најпознатите и најреспектабилните винарии во Словенија, која до неодамна произведувала само освежителни бели и пенливи вина од Штајерска Словенија. Следувал изборот, производството  на врвни црвени вина да се реализира во едно од најпознатите виногорја на Балканскиот Полуостров, Тиквешкото виногорје и микроликалитетот Дисан.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе