Отворен реновираниот Супер Тинекс маркет Годел

Компанијата „Тинекс“ од денес, повторно отвора уште еден во низата реновирани, модерни, најснабдени маркети, тоа е „Супер Тинекс Годел“ на ул. „Перо Наков” бр. 108.

Покрај големиот асортиман на производи кои „Тинекс“ ги нуди на своите потрошувачи, „Тинекс“ става посебен акцент и на комодитетот и врвната естетика на ентериерот во самиот маркет. Особено внимание посветува на изборот на материјали од кои се изработени внатрешните елементи кои ги задоволуваат сите светски стандарди, а посебно се лесни за одржување и дезинфекција што е секако многу важно во време на пандемија. Специјално избрани светлечки тела кои покрај нивната примарна намена да осветлуваат идеално се вклопуваат во целиот амбиент. За уште полесно навигирање низ полиците поставени се и ознаки со беспрекорна естетика и јаснотија кои на купувачот му помагаат полесно да се снајде низ „морето“ од артикли.

Покрај редовните оддели, располага со оддел за органска и здрава храна, голема и модерна пиљара каде што може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара од која во секое време може да се снабдите со свеж леб и топли бели печива и др., месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“.

„Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со продажен простор од 1.000 м2 и има вкупно 35 вработени. Потрошувачите ги опслужуваат 5 наплатни каси. Во склоп на Супер Тинекс маркетот е отворена и аптека „Галениум фарм”, а наскоро се отвора и продавница за опремување на домот „Aџико”
Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано подготвува ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на Мој Тинекс клубот се организирани многу поволности, изненадувања и подароци.

Комерцијален текст

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе