Комерцијален текст

Отворен новиот продажен салон и сервисен центар на Енергија

ЕНЕРГИЈА продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Скопје, а овој пат на ред беше нов продажен салон во населба Визбегово на површина од 1400 м². Суштината на овој продажен салон е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава.

По продажниот дел, следи и сервисен дел, кој исто така е опремен по стандардите на компанијата што е и воедно единствениот центар во Македонија за топлински пумпи, чилери, VRF/Multi системи и инвертер клима уреди. ЕНЕРГИЈА доо е единствен официјален дистрибутер на светските лидери за климатизација TOSHIBA, CARRIER и HAIER за Македонија.

Ова е втор продажен салон на компанијата, кој е комплетно опремен со сервисен центар за TOSHIBA, CARRIER, HAIER сo 4 сервисни станици за испитување на системи, има можност за симулација на работа на чилери/топлински пумпи, инвертер клима уреди, VRF системи и е единствен сертифициран сервис за TOSHIBA, CARRIER и HAIER за Македонија. Компанијата располага со стручни лица/машински инженери кои го советуваат секој корисник според индивидуалните потреби при набавка на опрема за разни решенија.

На свеченото отворање и забавата приредена од сопствениците на компанијата,
присуствуваа голем дел од нивните соработници, клиенти, пријатели и семејствата. Соптвеницте заедно со претставници од најголемите компании со кои соработуваат како Кристијан Фитц претставник на Toshiba и одговорен за Југоисточна Европа, Григорис Констас претставник на Carrier за Југоисточна Европа и Ивица Станковиќ одговорен за Haier во Јадранскиот регион, ги поздравија гостите и им се заблагодарија за довербата, лојалноста и поддршката во секое поле од работењето сите овие 14 години од нивното постоење. Во одлично расположение за коешто се погрижи бендот
South Park сите присутни го прославија почетокот на оваа нова етапа на ЕНЕРГИЈА доо.

ЕНЕРГИЈА доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти.

Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност, компанија која се води од потребите на клиентите. Располага со опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller- и),топлински пумпи, вентилаторски конвектори (fancoil), клима комори, клима уреди итн. Дејноста на компанијата опфаќа климатизација на јавни и административниобјекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе