Отворен нов Тинекс маркет во населба Аеродром

Денеска беше отворен нов Тинекс маркет на ул.23 Октомври бр.7 во скопската населбата Аеродром, во непосредна близина на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тинекс маркетот располага со вкупна површина од 400м2, а покрај добро снабдените редовни оддели со широка палета од над 3.000 производи од домашно потекло и ексклузивни увозни производи, маркетот располага со пиљара со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница каде може во секое време да се купи свежо и квалитетно месо, преработки од месо и оддел за сувомесни и млечни деликатеси.

Отворањето на овој маркет обезбеди 16 нови работни места, а потрошувачите ќе ги опслужуваат 2 наплатни каси.

По повод отворањето за потрошувачите се подготвени голем број на акции, промоции и попусти, а за членовите на Мој Тинекс клубот од 24 до 26 јули ќе се доделуваат три пати повеќе поени на износот на направената сметка.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе