Постигнат договор со тутунарите

Откупувачите ќе ги преземат и договорените количини и вишоците тутун

Динамиката на откуп на тутунот ќе се забрза, откупувачите ќе ги преземат и вишоците, а пунктовите ќе бидат отворени додека откупниот процес не заврши во целост. Ако треба тутун ќе може на вагите да се носи и во саботите, а ќе се интервенира и законски, за евентуално пролонгирање на рокот за откуп и по февруари, се договорија денеска производителите и откупувачите на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Досега се откупени 40 отсто од реколтата, а како што беше речено по средбата, квалитетот е полош од лани, па затоа и цената е пониска. Динамиката на откуп засега е 700 тони дневно, а министерот е убеден дека оваа лоша година за тутунот, сепак ќе биде позитивно заокружена.

„Решение има ако фирмите ја забрзаат динамиката и го откупат вишокот на тутунот како што беше догорено денеска. Исто така, се согласија пунктовите да работат до законскиот рок, но и потоа, ако има потреба. Динамиката на откуп ќе биде зоглемена. Сите компании кажаа дека вагите ќе бидат отворени до преземање на сите количини“, изјави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски.

Како што кажа, на средбата е договорено производителите во подрачните единици да ги пријават вишоците тутун и да кажат со кои компании имаат склучено договори, па потоа ќе седнат со откупувачите и ќе се одлучи која компанија колку ќе преземе за да се откупи целиот тутун. Ова се однесува и за тутунарите кои немаат договори коишто треба да се пријават во подрачните единици за да се најде решение и за нив.

„Сигурен сум дека ќе се почитува она што беше договорено денеска и дека позитивно ќе заокружиме една лоша година за тутнот. Незадоволството кај тутунарите е нормално зашто цената не е како лани. Но, тоа не зависи од нас или од нив, временските услови се такви какви што се, квалитетот е многу послаб. Сепак, со сите напори што ги правиме и со сите заложби на релевантните страни, мислам дека спасуваме на најдобар можен начин тоа што одеше во навистина многу лош правец“, изјави министерот Хоџа.

Засега не се знае колку вишок тутун има, па прво ќе треба да се испочтиуваат сите договори и тој род да се откупи, а потоа и да се утврди вишокот.

„Веќе имаме 40 отсто откупен тутун и малку појасна слика од претходно. За жал, тоа што претпоставуваме дека имаме послаб тутун од лани се покажува секојдневно од сите податоци. Динамкиката на откуп е 700 тони дневно, сметаме дека ќе се испочтитува законскиот рок за откупот и нема да има потреба од негово поместување. Ако поради временските или други услови се оцени дека има потреба, ќе се подготви и законска измена за да се продолжи рокот најмалку две до четири недели“, додаде тој.

Според него, сите откупувачи искажале подготвеност за откуп на вишоците.

„Тоа ќе се види заклучно со 15 февруари кога се очекува да заврши откупот на договореното, а останатите две недели од февруари ќе се откупува вишокот. Ваквата лоша сезона по квалитет и од други причини, сепак успеваме да ја спасиме со откуп на вишокот и со заеднички договор“, дополни Хоџа.

Тој информира и дека Тутунскиот комбинат од Прилеп ќе ги преземе договорените 440 тони за кои една од откупните компании не успеала да обезбеди средства.

Инаку годинашната реколта е околу 23.000 тони, додека ланската реколта која важеше за една од досега најдобрите, заврши со откупени 26.000 тони тутун со просечна цена од 220 денари.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе