Освежување со Цевитана на граничниот премин Богородица

Витаминка и Кожувчанка за оние кои денеска ќе го поминат граничниот премин Богороддица подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци - Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности.

Консумирањето на поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.

Токму затоа Витаминка, во соработка со Кожувчанка, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Нашиот познат бренд Цевитана, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е). Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. Цевитана е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата.

Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе