Освен енергетска, зимава ќе биде кризна и во снабдувањето со храна

Од Обединетите нации велат дека покрај снабдувањето со енергенси, зимава приоритет ќе биде и снабдувањето со храна. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека напорно се работи на намалување на последиците од војната во Украина, што резултира главно со енормно покачување на цените на енергенсите, ѓубривата и недостаток од жито. Македонија е веќе длабоко навлезена во оваа криза.

Есенва огромна е незасадената земјоделска површина, велат од Сојузот на земјоделци и потенцираат дека зимава тешко ќе оди со земјоделското производство затоа што цените на репроматеријалите драстично се зголемија, па градинарите немаат сметка воопшто да се занимаваат со производство на храна.

Ѓубривата и другите репоматеријали не се единствениот производствен трошок на земјоделците. Поскапени се горивата, кои се важни за затоплување на пластениците во зимскиот период, но и наводнуањето во овој регион, кој главно користи мотори за наводнување кои работат на бензин.

Од Црвениот крст апелираат дека веќе се бара пакет храна повеќе. Скапата струја и зголемените цени на основните производи ги зголемија повиците за помош од посиромашниот слој граѓани. Во споредба со овој период лани, двојно е зголемен бројот на повици со барање за пакетите за прехранување.

За наредната недела е најавено поскапување и на дел од млечните производи. Од понеделник млекото најверојатно повторно ќе поскапи. Причината за растот е, се знае - новите цени на енергенсите и зголемената цена на добиточната храна, по што откупната цена на млекото во август е зголемена за 40 отсто во споредба со август лани. И млекопроизводителите со нетрпение ги очекуваат најавените владините мерки за поддршка на бизнис секторот.

Освен млекото, во најава се и нови цени на сирењето, кашкавалот и јогуртот.

Инфлација

Прогнозите на економистите се дека поскапувањата ќе продолжат. Во август инфлацијата во Македонија веќе достигна речиси 17 проценти. Никој не прогнозира стабилизација до крајот на годинава.

Владата досега презеде некои мерки, како на пример со ограничување на маржите кај основните проозводи, се ограничи и извозот на пченицата, брашното, огревното дрво, пелетите... Сепак повеќе од јасно е дека инфлацијата и натаму ќе расте. Се најавува и нов пакет мерки и за граѓаните и за стопанството.

Европа

Во Европа се затвораат големите фабрики за ѓубрива низ континентот, предизвикувајќи нарушување кај земјоделците и кај производителите на храна. Најголемата светска компанија за ѓубрива „Јара“ од Норвешка, објави намалување од 50 отсто на своето производство на уреа и азотни ѓубрива базирани на амонијак. Најголемиот британски производител за ѓубриво соопшти дека „привремено ќе го запре“ производството во фабриката во Билингем. Двајца други големи производители на ѓубрива во Полска исто така најавија дека ќе ја прекинат работата.

Алармантни се податоците и на последното истражување на „Оксфам“, здружение на 20 независни организации чии фокус е сиромаштијата. Според ова истражување сега двојно повеќе луѓе се соочуваат со екстремна глад во споредба со состојбите од пред шест години.

А.Д.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе