Османи и Винтон во посета на новиот мост и браната во Свети Николе

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и постојаниот координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон беа на увид на новиот мост и браната во Свети Николе кои се реконструирани со финансиски средства од ЕУ преку програмата за намалување на штети од поплавите, во реализација на УНДП.

„Во периодот на непогодни климатски прилики во 2015 година, дури 44 од 80-те општини во Македонија беа погодени со поплава, што создаде потреба од средства за итна санација на штетите, но ја покажа и фрагилноста и неподготвеноста на државата да се справи со предизвиците и последиците од климатските промени”, рече Османи.

За оваа намена, како што кажа, изминативе три години, преку ИПА средствата на ЕУ, реализирани од страна на канцеларијата на УНДП, успешно се имплементирани проекти во висина од 10 милиони евра со кои значително се подобрени состојбите, како во отстранување на последиците, така и во смисла на превенција од евентуални идни климатски непогди.

„Со Луиза Винтон направиме обиколка на реконструираниот мост и браната во Свети Николе, кои беа целосно оштетени во поплавите од 2015 година, а подоцна санирани со оваа програма. Овие успешни проекти, иако можеби претставуваат мал дел од серијата проекти кои се реализирани за оваа намена, претставуваат многу важна придобивка за локалните жители кои живеат овде или кои гравитираат околу општина Свети Николе, како од аспект на санација на настанатата штета од поплавите, така и од аспект на превенција и сигурност за нивната средина во иднина”, истакна Османи.

Тој ги посочи и останатите проекти кои се реализирани со овие средства како што се санираните мостови во општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Делчево, санираното свлечиштето кај месноста Крупиште во општина Пробиштип, санираните улици и патишта во Новаци и Могила...

Денешната посета на новиот мост и браната во Свети Николе во заедничка реализација на Секретаријатот за европски прашања и УНДП претставува дел од посетите на успешно реализираните ИПА проекти во нашата земја. 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе