Осигурување во пакет, наместо поединечно – кои се предностите

Осигурувањето на домот и имотот е единственото обезбедување и начин да се заштитите од несреќи, незгоди, разни оштетувања и огромни трошоци што следат потоа. Нема ништо поважно од тоа кога домот ви е обезбеден и осигуран и кога можете да бидете спокојни и заштитени од неизвесноста што ја носи секој ден. Несреќи и незгоди се случуваат и ништо не може да го предвиди тоа, единствено може целосно да се испланира и спроведе заштитата на домот и имотот со осигурување.

Но, секогаш се поставува прашањето што е подобро - поединечно осигурување или пак пакет каде се вклучени повеќе видови осигурување. Што нуди повеќе и со кое осигурување се опфатени повеќе видови штети.

Предноста на осигурувањето во пакет е тоа што опфаќа поголема осигурителна заштита и обезбедува поголема заштеда. Пакетите најчесто се составени од видови осигурувања што се блиски или пак што граѓаните најчесто ги бараат. Друга поволност е тоа што во понудата на пакетите има повеќе варијанти па така преку купување пакет осигурување може да изберете комбинација која најмногу одговара со вашите потреби.

Покрај тоа, со пакетите се добиваат и многу дополнителни односно гратис услуги. Така, CRO Start пакетот на Кроација осигурување опфаќа домаќинско осигурување од разни штети, каско осигурување на автомобил и осигурување од незгода, а гратис се вклучени уште три поволности: 15 дена патничко осигурување во Европа, покритие за кршење и оштетување на автомобилски стакла и Кроација картичка за лојалност која носи и други придобивки. Со популарниот пакет CRO Smart, освен домаќинско, приватно здравствено осигурување и осигурување од незгода, во пакетот се вклучени гратис 15 дена патничко осигурување во Европа и картичка за лојалност. Додека пак CRO Superior пакетот, освен трите најпотребни осигурувања - домаќинско, касно и здравствено, дополнително опфаќа уште 4 поволности: осигурување од незгода, кршење и оштетување на автомобилско стакло, 15 дена патничко осигурување во Европа и картичка за лојалност.

Овие пакети, како и штетите што ги предвидуваат, опфаќаат сè што е најважно и највредно во животот, потребно е само да се најде вистинскиот пакет кој најмногу одговара на вашите потреби.

Комерцијален текст

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе