Осигурување на домот од 49 денари месечно за корисниците на услугите на ЈП Водовод

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу ЈП Водовод и канализација – Скопје и Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје, се пристапи кон реализација на активности во насока на проширување на палетата поволности за корисниците на услугите на двете компании.

Имено во тек е акцијата со која се овозможува осигурување на домот со промотивни цени-почнувајќи од 49 денари месечно, само за корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Корисниците на услугите на претпријатието можат да ја искористат оваа можност и да добијат подетални информации со јавување на телефонскиот број 15 599 или во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје е поставен инфо пулт на Кроација осигурување АД – Скопје, каде корисниците на услугите на претпријатието, секој работен ден од 9 до 15 часот, имаат можност да добијат детални информации за осигурителните пакети, но и можност веднаш да пристапат кон активација на нивната осигурителна полиса.

Со полисата за осигурување на домот, инвестирате во вашата безбедност и сигурност, затоа, заштитете го вашиот дом на време – купете полиса за домаќинско осигурување.

Комерцијален текст

 

 

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе