Очекувања од последната иницијатива на штедачите

Оштетените штедачи од „Еуростандард банка“ веруваат во правда преку Уставниот суд

Потсетувајќи дека е предизвикана штета врз околу три илјади семејства чии пари се заробени и злоупотребени, оштетените штедачи од „Еуростандард банка“ апелираат Уставнот суд што побрзо да ја донесе својата одлука по однос на нивната иницијатива за укинување на членот 163, став 3, со кој се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, како и да се изрече привремена мерка со која ќе се спречи нов грабеж на оштетените штедачи.

Здруженето на оштетени штедачи од Еуростандард банка во новото соопштение велат дека се соочиле со сурова реалност дека личните пари на штедачите доверени во банката со години биле давани за ненаплатливи кредити преку однапред подготвен план парите да не им бидат вратени.

„Народната банка, институцијата која требало да нѐ заштити, навремено да реагира и да превземе мерки да не дојде до штетни последици за депонентите во банката, не само што не реагирала туку со својата пасивност и толерантност кои придонела да се случува и развива криминалот во банката, со што станала и соучесник. Но, Народна банка и раководниот тим предводен од гувернерката Бежоска не се единствените соучесници во овој организиран криминал. Сите други институции кои се формирани од државата со задача да го следат текот на парите и да се борат против финансискиот криминал и перењето пари, поради својата пасивност и ненавремено делување не можат да бидат изземени од направениот придонес во развојот на криминалот во банката до небесни граници", велат штедачите од Здружението.

Во соопштението се потсетува на голготата во барањето на правда пред затворените институции и се нагласува дека последната и најголема надеж за правда ја полагаат во Уставниот суд.

Преку адвокатското друштво „Кузмановски" на 28 октомври поднесовме иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. Со оваа иницијатива бараме укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката. Воедно, бараме да се изрече и привремена мерка со која ќе се спречи нов грабеж на нас оштетените, овојпат преку одлевање на нашите пари според закон токму согласно наведениот член. Имено, преку оспоруваниот член, на Фондот му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти во банката, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени. Вака изразената нееднаквост и дискриминација е спротивна и на темелните вредности на Уставот, односно начелата на владеење на правото, хуманизмот, социјалната правда и солидарноста и воедно ги доведуваат во прашање и гаранциите за основните слободи и права на физичките и правни лица во земјава", информира Здружението.

Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи", коешто токму поради вербата во правда и правичност го носи и наведеното име, цврсто се надева и верува дека Уставниот суд ќе одлучува правично и праведно, земајќи ги предвид сите факти и контрадикторности кои ги носи предметниот член од Законот за банки. Потсетувајќи дека е предизвикана штета врз околу три илјади семејства чии пари се заробени и злоупотребени, штедачите апелираат Уставнот суд што побрзо да ја донесе својата одлука по однос на предметната иницијатива.

„Се надеваме и веруваме дека со одлуката на Уставниот суд ќе бидеме во можност да бидеме обештетени од стечајната маса на фер и правичен начин, а којшто нема да биде нерамноправен и дискриминирачки, како што е случајот поставен сега. Здружението изразува надеж дека Уставниот Суд ќе собере сила и ќе ја врати вербата во правната држава и владеењето на правото. Длабоко сме убедени дека одредбата која е оспорена и за која се бара укинување е неуставна", се вели во соопштението на Здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе