Оштетените штедачи Еуростандард банка бараат обесштетување и на фирмите

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка преку соопштение до медиумите реагира дека Македонија е единствената земја во Европа каде правните лица - фирми воопшто не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Тоа, како што велат, е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.

„Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти во банка не постои никаква осигурителна сума. За разлика од нашата земја која се стреми да биде членка на ЕУ, не постои земја членка во Унијата каде правните лица не се заштитени и не се законски обештетени како и физичките лица. Директивата 2014/49/EU на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година за шемите за гаранција на депозити јасно ги дефинира и правните и физичките лица како депоненти со право за обештетување во случај на стечај на банка. Оваа директива е преточена во законите на сите земји членки на Европската унија, кадешто висината на осигурувањето односно обештетувањето е до 100 илјади евра по депонент, а во некои случаи и повеќе.

И кај сите наши соседи, односно земјите од таканаречениот Западен Балкан постои обештетување со закон коешто важи како за физичките така и за правните лица при стечај на банка. Тоа е така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Само во Македонија правните лица се дискриминирани и лишени од било каква заштита и обештетување“, пишува во реакцијата од Здружението.

Според нив, државата ги оштетува фирмите со закон. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени.

„Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите. Од една страна, фирмите се законски обврзани да работат преку банки кои официјално имаат дозвола за работа издадена од Народна банка и кои треба да бидат контролирани од истата. Од друга страна, во случај на стечај на банка, како што е сега случајот со Еуростандард банка, тие воопшто не се обештетуваат. Тие се оштетени од Фондот којшто им ги одзема нивните средства и ги оштетува со тоа што се поставува пред нив се додека целосно не се обештети од стечајната маса. Значи, фирмите мораат да работат преку банка со целиот свој капитал, а ако пропадне банка во Македонија сите средства им се заробуваат и немаат никаква гаранција односно обештетување. Каква е таа логика да фирмите доверители вршат обештетување на Фондот во стечајната постапка, а ништо не наплатиле од Фондот односно воопшто не биле обештетени од истиот!? „Фондот за осигурување на депозити“ одеднаш во стечајната постапка постанува „Фонд за оштетување на депозити“!

Покрај депозити, најголем дел од фирмите ги користеле и услугите на сега пропаднатата Еуростандард банка за тековен платен промет. Со пропаѓањето на банката и тие средства на тековни сметки на фирмите им се заробуваат во целост, а има и повеќе случаи на фирми коишто примиле уплата на нивни фактури на самиот ден на затворање на банката, некои од нив и со суми од стотици илјади евра. Без разлика дали се работи за депозити или парични средства на тековна сметка, со затворање на банка фирмите веднаш ги губат сите свои средства, немаат никакво обештетување, неможат да ги сервисираат тековните обврски, стануваат несолвентни, неможат да исплатат плати на вработените, се затвораат. Тие се оние кои је креираат додадената вредност во реалната економија и го полнат државниот буџет, а државата наместо да ги заштити таа ги казнува со неуставно законско решение коешто е единствено во Европа и пошироко. Со затворањето на Еуростандард банка, Владата категорично одби да им помогне и на фирмите депоненти кои ги изгубија сите свои пари и ги остави на немилост на системот да се снаоѓаат како знаат и умеат во сред пандемија“, се додава во соопштението.

Од Здружението појаснуваат дека поднеле иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки на 28 октомври минатата година. Со оваа иницијатива бараат укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на Уставот на РСМ, а конечната одлука ја очекуваат околу 2.000  фирми, оштетени депоненти на Еуростандард банка.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе