Оштетени штедачи: Во нашата држава криминалот се толерира, а не се казнува

Никој не коментира за докапитализацијата на Еуростандард банката направена со амин на гувернерката и на начин каков што го опишува Трифун Костовски во својата изјава. Костовски јавно признава криминал и никој не реагира. Сите надлежни институции останаа неми, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

„Наредно прашање што нормално би си го поставил секој разумен човек е дали целава оваа ситуација се случува поради големото влијание на банкарската мафија која е толку моќна па никој не се осмелува да проговори дури и после признат криминал на еден од нивните до вчерашни членови.

Народната банка требаше да биде гарант за сигурноста на нашите вложени пари, а дозволи речиси една деценија систематски да се одлеваат и ограбуваат нашите пари речиси без контрола. Уставниот суд (за чие заседавање дополнително ќе објавиме во детали во наредните денови) кој треба да биде чувар на уставноста, законитоста и заштитник на темелните вредности на уставниот поредок, не поведе постапка за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, кој е очигледно спротивен на Уставот. Со тоа, ние повторно ќе бидеме ограбени во стечајната постапка.

Со толерирањето и неказнивоста од нашите државни институции и истражни органи се затскрива и штити криминалот, а со тоа стануваат и соучесници во него. Мотивот е јасен. Разни бенефиции и провизии, погодности и напредувања, се дел од тоа што е познато. Сумарно, криминалот и корупцијата се длабоко вгнездени во државата и имаат метастазирано до тој степен што и банкарската мафија ги контролира и ги управува тековите на обвиненија и предмети за сторен криминал кои завршуваат со негативна одлука или се некаде попатно изгубени во системот низ годините што поминале.

Зад сето тоа сме убедени дека стои банкарската мафија која управува со нашите депозити за остварување на што поголеми профити, додека толерираниот грабеж на нашите пари што се случува во позадина во соработка со институциите споменати овде, останува неказнет, толериран и игнориран, заробен и заклучен во нивните фиоки заради добивање на разни привилегии и провизии“, се вели во соопштението на здружението Оштетени штедачи.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе