Реакција

Оштетени штедачи: Во „Еуростандард банка“ се давало кредити без никакво покритие

Како е можно банката да даде кредит на приватна фирма од Струмица во висина од околу 600 илјади евра, а да има обезбедување со друг недвижен имот од околу 33 илјади евра, што претставува покритие од само 5 отсто од вредноста на кредитот и притоа да доцни со исплата на кредитот во целост преку 800 денови или преку 2 години? Со оглед дека кредитот не е воопшто вратен, неговото извршување би можело да придонесе со најмногу 33 илјади евра поврат на средства додека разликата од околу 570 илјади евра не е можно да се наплати и е неповратно изгубена. Ова е само еден пример на злоупотреба, велат членовите на здружението Оштетени штедачи.

Тие велат дека, според информациите од стечајната постапка, вакви примери има многу. Според нив одлуката на Народната банка за стечај на „Еуростандард банката“ е сосема оправдана, но бараат одговори од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за тоа како се дозволило една банка да дава кредити на ваков начин.

„Криминалот наречен „Пропаѓање на Еуростандард Банка“ со сигурност се вбројува во групата на високо организиран криминал во нашата држава. Тежината на овој криминал е околу 60 милиони евра, проневерени и украдени пари од физички лица и фирми како депоненти на банката.

Фактите кои ги имаме од извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник говорат дека се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити без да се почитуваат какви било правила за управување со кредитен ризик. Смислено се извлекувале пари од банката преку одобрување и доделување на кредити без соодветни гаранции и тоа континуирано во текот на повеќе години, со тоа што овие криминални активности добиле на значење и големина со текот на времето без да бидат спречени и санкционирани од страна на Народната банка, посебно во последните години од 2016 до 2019 година. Преку однапред разработени шеми од креаторите на криминалот во банката, пари се трансферирале меѓу правни субјекти клиенти на банката, во случаи и без нивна согласност или знаење за покривање на краткотрајни заеми на трети правни лица кои во голем број случаи така „позајмените“ пари никогаш не ги вратиле. Освен без соодветни хипотеки и гаранции, кредити се издавале и единствено со меници со несоодветни или без било какви покритија.

Речиси 60 отсто од вкупното кредитно портфолио кај физичките лица и фирми се целосно или делумно ненаплатливи. Штетата е огромна. Како се дозволи сега веќе пропаднатата банка да има нефункционални сомнителни и спорни побарувања од правни лица од околу 72 отсто од нивното кредитно портфолио, што во случајот значи околу 55 милиони евра кредити дадени во неповрат на околу 150 фирми, повеќе од половината правни субјекти на кои банката им дала кредити. Дали тоа може да се случи преку ноќ? Секако дека не.

Доцнењето на враќање на сомнителните кредити, кои во најголем дел воопшто немаат започнато со исплата на истите што ги земале во стотици илјади или милионски суми во евра, се движи од неколку стотини денови, па до околу 1600 денови, што значи ваквите злоупотреби со давање на непокриени кредити се правени континуирано во минатите пет години.

Народната Банка е должна да проговори за нејзината одговорност и допринос во овој организиран криминал преку нејзиното неделување и навремено неспречување истиот да добие размери од околу 60 милиони евра проневерени и украдени пари“, се вели во реакцијата на здружението Оштетени штедачи.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе