Оштетени штедачи: Уставниот суд пред одлука да се исправи голема неправда

На 24 февруари Уставниот суд конечно ќе одлучува по нашата иницијатива за неуставната и дискриминирачка одредба од Законот за банки според која на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во крајно нерамноправна положба и се директно оштетени, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

Според Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти не постои никаква осигурана сума.

„Државата ги оштетува фирмите со закон додека законски им наложува и ги обврзува да работат исклучиво преку банкарскиот систем. Единствена институција во државата која може и треба да ја реши оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба од Законот за банки е Уставниот суд на РСМ. Решавањето на ова горчливо прашање го очекуваме преку поднесената иницијатива до Уставниот суд од октомври минатата година, со којашто се бара укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.

Нашата искрена надеж и длабока верба е дека Уставниот суд и уставните судии ќе ја донесат историски праведна одлука, со која се надеваме дека барем делумно ќе се надминат страдањата на оние кои се оштетени од системот не по нивна вина. Од сето досега образложено, длабоко сме убедени дека предметниот член е неуставен и незаконски и поради тоа веруваме дека укинувањето на оваа одредба е повеќе од нужно и неминовно. Со тој чин, ќе се отстрани нееднаквоста и дискриминацијата на сите останати доверители во однос на Фондот за осигурување на депозити и воедно ќе се овозможи да сите тие, физички и правни лица, добијат шанса да барем делумно ги повратат своите депозити преку стечајната постапка. Сето ова може да се надмине само со една одлука на Уставниот суд, во којшто оштетените гледаат светло на крајот од тунелот, бидејќи само тој може да го укине законскиот текст којшто овозможува и креира правна несигурност која води илјадници семејства во неизвесност. На потег е Уставниот Суд со носење на историски правична одлука“, соопшти Оштетени штедачи од Еуростандард банката.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе