Оштетени штедачи: Еуростандард е пример за тоа како да ограбиш банка без испукан куршум

За разлика од класичните сценарија за грабеж на банка, во случајот со Еуростандард банка грабежот бил изведуван на многу мирен, елегантен и културен начин. Еве вака. Однапред договорен клиент влегува во банката, побарува кредит, формално се потпишува на меница и некои други формални документи, се договара колку од добиените пари како неповратен кредит треба да врати назад кај тие што му го одобриле кредитот и парите веднаш му се префрлаат на сметка на фирмата, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи.

„Без ниту еден испукан куршум, без никаков ризик, без маскирање и непријатности, лесно и едноставно се добивал неповратен кредит од неколку стотини илјади до милиони евра наши пари.

Сите учесници во ова сценарио се среќни и задоволни. И раководните лица што го одобриле и доделиле кредитот, и фирмата што го добила неповратниот кредит, а и оние кои прогледале низ прсти за вака изведената криминална трансакција. Сите чесни и невини. А нашите пари покрадени. Ги нема.

И после 149 вакви криминални случаи и 55 милиони евра покрадени пари, сѐ уште никој не обзнани како се крадело и каде завршиле парите. Поминаа повеќе од шест месеци.

Едно е сигурно. Трифун и Коста Костовски придружувани од Николче Петкоски се главната криминална банда која оперирала во Еуростандард банка и ги делела нашите пари како неповратни кредити. Овие бандити добро знаат со кого ги поделиле нашите пари, за да сега глумат жртви и невини личности во очекување да продолжи нивниот лагоден расипнички живот со украдените пари.

Точно е дека овие криминални умови не можеле да го направат тој масовен грабеж, а гувернерката Анита Ангеловска Бежоска да не била вклучена во овој организиран криминал. Таа ја дозволила масовната операција наречена „кражба“ на нашите пари за да паралелно на тоа јавно не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни.

Како е можно десетици милиони евра да исчезнат од банката „преку ноќ“!?  Како е воопшто возможно 73 отсто од кредитното портфолио на правните лица во банката да биде пласирано во сомнителни и спорни кредити, од кои ниту една од 149 фирми не платиле ниту едена рата со години!?  А за овие факти постојано слушаме разни месии од Народна банка дека тие направиле сѐ што можеле соодветно и навремено, а ние сепак сме биле покрадени.

Ова е криминал од толкави размери за кој, ако имавме и малку сериозна држава и кредибилни луѓе што нѐ водат, овие криминални ликови од раководните лица во ограбената банка и гувернерката на Народна банка ќе беа веќе одамна ставени во притвор, во очекување на долгогодишни и заслужени затворски казни. Барем ќе се почнеше од првиот криминален организиран тим, за да се продолжи понатаму. А на списокот се секако и поединци и фирми кај кои завршиле неповратните кредити, потоа претходната министерка за финансии Нина Ангеловска, а понатаму и некои вработени во банката, проценители на имот, адвокати, нотари, извршители и други измамници и манипулатори кои допринеле со своите нечесни активности и соучествувале во овој масовен криминал“, соопштуваат Оштетени штедачи.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе