Орка холдинг и Аџибадем Систина со донација од 325.000 евра за справување со коронавирусот

Компанијата „Орка холдинг“ и клиничката болница „Аџибадем Систина“ ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и  медицинска опрема. Оваа помош и поддршка е ставена на располагање на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата на нашата земја со цел справување со новонастанатата состојба предизвикана од глобалната пандемија на вирусот ковид -19.

Како дел од понудената помош клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ целосно ги отстапија капацитетите на хотелите Ибис Скопје сити центар и Ибис стајлс за лица кои треба да поминат 14 дена во изолација. Капацитетите на Ибис стајлс се веќе целосно исполнети, а првата група на лица е веќе пристигната и во хотелот Ибис Скопје сити центар. Иницијално се очекува до 31 мај да има 5 ротации на лица кои ќе биде потребно да поминат 14 дена во изолација, со што вкупниот број би достигнал 1.030 лица,односно, бројот на поминати ноќи во овие објекти ќе биде 14.430.

„Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“ одвоија фонд од 20.000.000 денари или 325.000 евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на овие лица како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од КБ „Аџибадем Систина“ и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри, 70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата и фирмите „ОК хотел“ и „Орка хотел“.

Од овие средства, 10.000 евра беа издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и здравствените установи во Дебар.

Компаниите „Жито полог“ и „Здравје Радово“ кои се дел од нашата групација и произведуваат основни прехранбени производи нема да ги зголемат цените на своите производи во однос на 1.1.2020 година. Истовремено, потврдуваме дека двете компании работат со непречено производство и со полн капацитет. „Жито Полог“ месечно работи со полн капацитет и произведува 1.500 тони брашно Тип400 и Тип500 како и 600 тони сточно брашно и моментално има залиха на пченица сосема доволна за следните 4 месеци.

Млекарата „Здравје Радово“ произведува 150 тони месечно кашкавал и сирење исто така работи во полн капацитет, и моментално има залихи доволни за 6 месеци.

„Би сакале да изразиме и огромна благодарност на сите наши работени вклучувајќи ги и здравствените работници кои целосно ја разбираат нужноста на ситуацијата и безусловно ги прифаќаат сите нови задачи и активности. Неизмерно ги почитуваме и веруваме во сите наши вработени, повеќе од 2.500 лица кои се дел од Орка холдинг групацијата. Нашето искуство овие 30 години сведочи за многу предизвици кои сме ги поминале заедно со нив и веруваме дека и овој нов, голем предизвик што е пред нас ќе биде поминат без никакви дополнителни последици“, велат од компанијата.

 

 

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе