Организацијата на потрошувачите на Македонија е против покачување на електричната енергија од 7,4 проценти

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е против покачувањето на електричната енергија од 7,4 проценти која ја утврди Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги, бидејќи, според нив, доаѓа во време кога граѓаните се најтешко погодени од корона кризата.

„Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното здравје, туку и нивната економска безбедност, од причина што голем дел од нив ги загубија своите работни места или им се намалија приходите. Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно“, се вели во соопштението од ОПМ.

Регулаторната комисија, сметаат од Организацијата на потрошувачите на Македонија, требаше да спроведе стручна дебата со сите заинтересирани страни па дури потоа да предложи соодветно решение кое нема да биде на штета на граѓаните преку покачувањето на струјата на ваков начин, ненадејно и без соодветни консултации.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе