Анализа на Центарот за граѓански комуникации

Општина Центар прибира над 2 милиони евра од данок на имот, Арачиново нула денари, не наплаќа данок на имот

Сите општини во државата заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите, односно просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 %, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 %. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 %, а кај фирмите се наплатува по 78 % од пресметаниот данок. Односно, од граѓаните, годишно, за данок на имот се прибираат просечно по 910 милиони денари, односно 14,8 милиони евра. Наспроти ова, од правните лица се прибираат по 382 милиони денари, односно 6,2 милиони евра.

Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и 2019 година постои зголемување на износот на наплатен данок на имот. Сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 %, во следната 2019 порастот бил само 2,5 %.

Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно беа приходи по оваа основа е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија.

Само 7 општини имаат просечни годишни приходи од данок на имот кои се поголеми од 1 милион евра, а во дури 36 општини овие приходи се помали од 50.000 евра.

Само десетте градски скопски општини прибираат половина од цел данок на имот што се прибира на ниво на држава. Најуспешни во наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. По региони, највисок процент на наплата на овој данок има кај општините од Вардарскиот Регион, а најнизок од Полошкиот Регион.

Анализата покажува дека 60 % од данокот на имот го собираат 10 општини. Според тригодишните просеци во оваа група се Центар (2,3 милиони евра), Карпош (2 милиони евра), Аеродром (1,4 милиони евра), Кисела Вода (1.3 милиони евра), Гази Баба (1,2 милиони евра), Охрид (1 милион евра), Битола (1 милион евра), Куманово (886 илјади евра), Илинден ( 694 илјади евра) и Кавадарци ( 646 илјади евра). 

Оваа ранг-листа се менува доколку се земе предвид наплатата на данокот на имот само од граѓаните. Тогаш на врвот е Општина Карпош со наплатени 1,5 милион евра. Во листата на 10 општини со најголеми приходи влегуваат и Струга и Чаир наместо Илинден и Кавадарци кои позначаен дел од своите приходи од даноци на имот ги наплатуваат од правни лица.

 

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе