На приватно неполодно земјиште

Општина Брвеница доби фотоволтаична централа од 1,2 мегавати

Во Теново во општина Брвеница свечено денеска е означено завршувањето на изградбата на фотоволтаична централа со сила од 1,2 мегавати. Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година. Во еден момент кога од џамијата се слушна гласот на локалниот оџа, министерот Нуредини ја прекина својата изјава и сочека да заврши молитвата .

Владе Пазарџиевски управител на „Енерго Р ДООЕ" на свеченоста во Теново, на која присуствуваше голема владина делегација, изјави дека е горд што централите се добар пример и поттик за нови инвестиции во „зелена енергија", како на фирмите така и на Владата.

„Оваа централа е дел од триделниот фотоволтаичен парк, со вкупна електроенергетска моќност од 2200kw, при што се вградени вкупно 6.170 панели, со различен капацитет и три трафостаници. Трите централи ќе дадат вкупно производство ориентационо 3,1 гигават часови, што би ја задоволило потрошувачката на електричната енергија на приближно 450 домаќинства. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20.000 м2, на неплодно и некорисно земјиште, кое е откупено од државата, со вкупната вредност од 1, 6 милиони евра за овој фотоволтаичен парк", рече Пазарџиевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите односно граѓаните и индустријата.

„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Ако ги додадеме и фотонапонските централи кои што се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати, рече Бектеши.

„Оваа централа, која е обновлив извор на енергија, изградена како дел од повикот на Министерството за економија, на приватно земјиште, од приватен инвеститор, е практичен пример на конкретно остварување на политиките на нашата Влада, за одржлив развој и здрава животна средина, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој во еден момент ја прекина својата изјава и сочека да зарши пеењето на молитвата од локалната џамија.

„Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките", изјави премиерот Зоран Заев и најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе