Општина Аеродром – прва општина со европско знаменце

Европската агенда на Општина Аеродром поставена преку Стратегиската платформа за ЛЕР 2021-2025 година под работен наслов „Општина Аеродром – прва општина со европско знаменце“ се заокружува со одобрениот проект „Clean AirDrom“ во форма на грант од ЕУ, кој од финансиски и тематски аспект е најголем и е прворангиран на јавниот повик за општински проекти на ЕУ во земјава.

Овој проект е иницијален сегмент на сеопфатниот процес на врвно управување со животната средина и екологијата што го применува општината, настојувајќи да постави највисоки европски стандарди и да инкорпорира најуспешни европски практики. Самиот проект директно влијае врз свеста и екокултурата на жителите на општината на тој начин што секое домаќинство во Општина Аеродром ќе добие соодветна канта за отпадоци со три прегради (сина, жолта и зелена) за директна селекција на хартија, пластика и стакло. Токму затоа и работниот наслов на проектот е „Селекција на отпад од куќен праг“.

Собраниот селектиран отпад домаќинствата ќе можат да го фрлаат во 20 соодветни „вендинг-машини“, кои ќе бидат поставени за опслужување на неколку згради и притоа ќе можат да собираат поени, односно финансиски средства како вид рефундација и мотивација за вклученоста во процесот на селекција. Понатаму акумулацијата на насобраниот селектиран отпад и неговата комерцијализација, односно повторно пуштање во употреба или практикување на процесот на „циркуларна економија“ на локално ниво во форма на засебен проект ќе го раководи Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.

Имплементацијата на проектот ја поставува Општина Аеродром на пиедесталот“ во практикување на општинските услуги во целост усогласени со поглавје 27 – животна средина од преговарачката рамка со ЕУ.

Политиката за животна средина на ЕУ има цел да промовира одржлив развој и да ја заштити животната средина за сегашните и идните генерации. Таа се темели на превентивно дејствување врз принципот „загадувачот плаќа”, на борбата против изворите на штета во животната средина, на заедничката одговорност и интеграција на заштитата на животната средина во другите политики на ЕУ.

Поглавјето 27 содржи над 200 правни акти што опфаќаат хоризонтална легислатива, квалитет на вода и воздух, управување со отпад, заштита на природата, контрола на индустриско загадување и управување со ризик, хемикалии и генетски модифицирани организми (ГМО), бучава и шумарство. Усогласеноста со законодавството за животната средина бара значителни инвестиции. Професионалната и добро подготвена администрација на национално и локално ниво е предуслов за правилна примена и соодветно спроведување на законодавството за животната средина, соопшти Општина Аеродром.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе