„Опел корса“ - автомобил на годината во Македонија за 2020 година

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија" по анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, годинава титулата ја додели на „Опел корса".

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за титулата.

Победникот како награда добива стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година.
Во финалето беа Kia Xceed, Toyota RAV4, Opel Corsa, Mazda 3, BMW 1 и SsangYong Korando.

Право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

„Корса како прв сосема нов модел откако Опел стана дел од семејството на PSA во целост ги оправда очекувањата. Современиот изглед и модерните технологии меѓу кои и електричната погонска група ѝ даваат предност во настапот на пазарот, посебно во земји како Македонија каде купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“, се вели во образложението на жирито.

Признанието СУВ на годината го доби моделот Toyota RAV4

„Со петтата генерација, Toјота како наново да го лансираше RAV4. Тој сега е попростран и поудобен, со помоќен изглед и нови технологии спакувани во една врамнотежена целина со избалансирана цена. Вниманието на купувачите го привлекува и со хибридниот мотор кој ги замени дизелите. Целокупно гледано, RAV4 со многу свои особини се издвојува од бројната конкуренција во класата која своевремено токму тој ја популаризираше“, образожи жирито.

Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по третпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на жирито е признанието „Томислав Биљарац“ за 2020 година да биде доделена на Славка Каленикова. Досегашни носители на признанието „Томислав Биљарац“ се Владимир Воиновски и Стерули Бураку.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе