вторник, 16 април 2024

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Сака да предизвика регионална војна“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелското раководство се единствени одговорни за неодамнешната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше капката што ја прелеа чашата“, рече тој на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата.

Тој додаде дека се можни нови регионални конфликти се додека се продолжува со „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно. Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот напад, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада.

Иран го нападна Израел со стотици експлозивни дронови, крстаречки и балистички ракети лансирани во саботата вечер, на што израелските власти ветија дека ќе одговорат.

Иран го изврши нападот како одмазда за израелскиот напад во кој на 1 април беше срамнета зградата на амбасадата во Дамаск, при што беа убиени двајца ирански генерали и неколку други офицери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ