Охридска банка со промотивни услови за станбени и за кеш кредити

Охридска банка Сосиете женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2" и кеш кредитот „Лесен кеш кредит" со кои им овозможува дополнителни поволности на своите клиенти при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

Промотивно, до 30 април, станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. Па така, за станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 30 години, со вклучено кредитно животно осигурување, во првите две години каматната стапка изнесува 3,55%, а ратата би изнесувала 143 евра.

Од третата до петтата година со фиксна каматна стапка од 4,55% ратата од кредитот би била повторно фиксна и би изнесувала 159 евра , а од шестата година, до крајот на периодот на отплата, ратата би изнесувала 176 евра.

За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административнте трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување, а каматната стапка е фиксна за целиот период на траење на кредитот. Оваа понуда се однесува за сите апликации поднесени до 30 април.

На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 6,10%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.233 денари со вклучено кредитно животно осигурување, додека од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.736 денари, повторно со вклучено кредитно животно осигурување.

За предвремена отплата нема провизија, соопшти Охридска банка Сосиете женерал.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе