Охридска банка до 30 септември врши замена на сите платежни картички со ново лого

Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 септември 2020 година, а Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.

Како што соопштија од Банката, на клиентите им се испраќаат известувања преку повеќе различни канали за комуникација, како писмо на домашна адреса, СМС порака или вибер порака, електронска порака на имејл и сл., дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка во својата матична експозитура.

Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.

„Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања. Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.

Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари“, се наведува во соопштението од Банката.

Исто така, Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната стара картичка, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз временски период, најдоцна до 30 септември 2020, да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.

За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе