Одземени се пет концесии за каменоломите околу Лабуништа

Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Концесиите, како што рече на прес-конференција пред министерството, еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина.

„Со ова се рализира уште едно ветување кое го дадовме на жителите на Лабуништа за раскинување на концесиите. За време на вонредната сотојба тие продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето“, рече Бектеши.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе