Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Одземени лиценците за вршење дејност на три компании за трговија со нафта

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои им ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, поради немање складишни капацитети за чување на резерви. 

Како што соопшти денеска РКЕ, на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Гуливер инженеринг ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС.

„Исто така, одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут – М1 (НС) на Друштвото за трговија, градежништво и услуги Пертинакс ДООЕЛ Скопје. Додека на Друштвото за трговија со технички гас и опрема Башиногас извоз-увоз ДООЕЛ Велес е одземена лиценцата за трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ)“, се додава во соопштението.

Од РКЕ посочуваат дека одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.

„Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. Гуливер нема да смее да увезува и тргува со Еуродизел БС, додека Пертинакс нема повеќе лиценца за тргување и увоз со мазут – М1 (НС), а Башиногас нема да смее повеќе да увезува и тргува со течен нафтен гас (ТНГ). Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе