Одобрени 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија

На денешната седница Владата на Република Македонија, одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија", во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе