„Според структурата, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микрокомпании и девет кредитни барања се од трговци-поединци. Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 17 и југоисточниот регион со 14 отсто. Од југозападниот, источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања", велат од Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.
„Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор“, потенцираат од Развојната банка.