Одгледувачите на свињи бараат производната цена на месото да се зголеми за 50 отсто

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Наместо сегашната производна цена од 100 денари за килограм жива мера, според потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов, одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

„Ние како производители на свинско месо бараме да се покачи цената, но сѐ уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денар“, вели Сарафимов, објави МИА.

Тој кажа дека од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруари, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе