Одбележана 97-годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија

Наша заедничка цел како мала земја е да постигнеме повисоки стапки на раст од просекот на регионот, да ги стимулираме оние што создаваат нова вредност, а тоа сме ние -реалниот сектор, меѓусебно да се почитуваме зашто тоа е основа за напредок, порачуваат компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија која вчера одбележа 97 години работење.

На одбележувањето на 97 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД – Скопје, Андреја Јосифовски, доби награда за успешен стопанственик. Меѓу наградените е и главниот извешен директор и претседател на управниот одбор на Комерцијална банка, Хари Костов, а компанијата Алкалоид АД – Скопје доби награда за компанија со најголеми реализирани инвестиции во земјата.

Ние сме партнери на државата, со која имаме иста цел, членство во НАТО и ЕУ. Тие се наша голема одговорност, нагласи претседателот на комората Бранко Азески на одбележувањето на годишнината.

„Денес одбележуваме 97 години заедништво со македонскиот бизнис и 1.096 денови до стогодишниот јубилеј. Не нарекувале на различни начини, и праведно и неправедно, но ние секогаш сме биле едно-Комора на успешните компании. Нема институција во државата што поседува капацитет со материјални и човечки добра како нашата Комора. Илјадници инженери, економисти, правници, магистри, доктори на науки е потенцијалот кој мора да се стави во функција на развојот. Ние сме партнери на државата со која имаме иста цел-членство во НАТО и ЕУ. Тие се наша голема одговорност“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во пораката по повод годишнината.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе