Од утре етапно исплаќање на јулските пензии

Исплатата на пензии за јули почнува од вторник, 28 јули, а предвремената исплата ќе се врши етапно заради поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

„Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата“, информира Министерството за труд и социјална политика.

Во вторник, на 28.07.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

Во среда, на 29.07.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.

Во четврток, на 30.07.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари.

Во петок, на 31.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28 јули. Тие можат да ја подигнат јулската пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Оттаму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Истовремено потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе