Преку компензациониот фонд на Јапонија

Од среда нов пакет бескаматни кредити за компаниите преку Развојната банка, најави Ангеловска

Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка наречен „Ковид 2“ веќе од среда ќе им биде достапен на микро, малите и средни компании погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.

„Овој пакет е пообемен и нема ограничување на дејностите кои може да аплицираат. Еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти. Минималниот износ за кој може компаниите да аплицираат е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Кредитите се бескаматни, рокот на отплата е до три години со грејс период од 12 месеци. На нула се сведени и трошоците кон Развојната банка“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Средствата во висина од осум милиони евра се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија и според неа, ова е значајна финансиска инекција за микро, малите и средни претпријатија со цел да се сочува ликвидноста на компаниите и да се заштитат работните места.

„Линијата ‘Ковид 2‘ нуди поголема сума за бескаматни кредити од линијата ‘Ковид 1‘, но и поголем износ на поединечни кредити и она што е важно е дека ги опфаќа сите дејности погодени од кризата. Има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање“, рече Ангеловска.

Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „Ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „Ковид 1“. Во соработка со Ценралниот регистар договорено е потребните документи од оваа институција да се издаваат бесплатно.

Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда во видео обраќање изрази поддршка за мерките што ги презема Владата и надеж дека тие ќе им помогнат на компаниите да продолжат да работат и да се сочуваат работните места.

„Сите земји се борат против коронаворусот и во овие тешки времиња треа заедно да работиме и д се подржуваме. Мило ми е што уште еднаш можеме да го потврдиме цврстото пријателство меѓу Северна Македонија и Јапонија“, порача Ханеда.

За првиот повик „Ковид 1“ досега се одобрени средства за 254 компании со околу три илјади вработени во вкупен износ од 2,2 милиони евра.

Вкупниот износ на средства што им се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра.  Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе