Од полноќ нафтените деривати поевтини за 1,58 отсто

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 %. Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар по литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар за еден литар.

Намалување од 0,5 денари/литар има кај малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751 денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       Еуросупер БС - 95                                70,50   (денари/литар)

Моторен бензин                      Еуросеупер БС -98                               72,00   (денари/литар)

Дизел гориво                            Еуродизел БС (Д-Е V)              61,50   (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              61,00   (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                       35,930  (денари/килограм).

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување:  бензинот за 3,794%, дизелот за 2,287%, екстра лесното масло за 2,886% и кај мазутот намалувањето е за 2,781%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,043%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе