Одлука на РКЕ

Од петок поскапува струјата, водевме сметка за ранливите семејства, рече Бислимоски

Просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата од петок, 1 јули, ќе се зголеми во просек за 7,4 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. „Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории" изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН се димензионирани скалесто по блокови.

„Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година, се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија“, објасни Бислимоски.

Во соопштението е  наведено како тоа ќе се одрази:

 

СМЕТКИ ЗИМА

  • 59.9% ќе имаат покачување од 6.6%
  • 35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8%
  • 3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2%
  • 1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%

 

СМЕТКИ ЛЕТО

  • 77.2% ќе имаат 6.7% покачување
  • 21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8%
  • 0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3%
  • 0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)

 

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифати сите нивни барања и одобри многу помали проценти, се нагласува понатаму:

МЕПСО побарала зголемување за  72,88%, а е одобрено -0,03%, кај МЕМО наместо 62,48% е одобрено 6,96%, кај Електродистрибуција наместо 76,16% е одобрено 20,94%, а кај ЕВН Хоме 35,8 милиони евра, одобрено 14,3 милиони евра.

„Трошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН Хоме на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН Хоме мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН Хоме има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН Хоме е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе