Од ноќеска на полноќ горивата поскапи за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96 %, што значи дека горивата ќе бидат поскапи за еден денар.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар  и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните:  Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит,  Еуросупер БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит, Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и ќе изнесува 25,396 ден/кг.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе