Од наредната недела директни летови од Охрид за Малме и Милано

Од понеделник авиокомпанијата „Визер" стартува со новите линии од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле" кои ги воспоставува врз основа на договорот со Владата.

Во понеделник напладне на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да слета првиот авион од Малме. Веќе следниот ден, во вторник, ќе се воспостави директната врска на Охрид со Милано.

Овие линии во текот на летото ќе се реализираат по два пати во неделата. До 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме ќе бидат секој понеделник и петок, а потоа и во среда и недела. Летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок. Од охридскиот аеродром  „Визер“ од јули треба да стартува и со директни летови до германските градови Меминген и Дортмунд. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе