Од годинава сите царински декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски за време на денешната посетата на Царинската управа.

Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари, како што рече Тевдовски, ќе почне да се применува на 11 пилот проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

„На овој начин за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Наша цел е да автоматизираат процесите и со тоа  да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите“, нагласи министерот за финансии.

Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример, Управата за јавни приходи при поднесување на ДДВ пријави кон кои се поднесуваат царински декларации или Завод за статистика и Народна банка за податоци за увоз и извоз.

Директорот на Царинската Управа Ѓоко Танаскоски посочи дека во првата половина од годинава ќе биде пуштен и нов терминал на граничниот премин Ќафасан. Тој додаде дека пороширувањето на царинскиот премин Ќафасан опфаќа нов увозно-извозен царински терминал од 9,5 илјади метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи (објект за Царинската управа, водовод и канализација, осветлување, изградба на пречистителна станица), како и реконструкција на постојните објекти.

-Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите, што ќе се постигне со реконструкција на објектите за царинење и инспекција, обезбедени подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството, рече Танаскоски.

Минатата година, како што истакна Танаскоски, беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце. Надградбата на терминалот, овозможува олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети.

Во доменот на примена на концептот „Овластен економски оператор“, беше посочено дека идните активности на Царинската управа ќе тежнеат кон зголемување на бројот на издадени одобренија преку натамошна промоција на концептот и советување на компаниите и помош при соочувањето со новините од овој концепт, соопшти Министерството за финансии.

 

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе