ТАВ

Од Доха на Скопскиот аеродром пристигна два милионитиот патник

Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е два милионитиот патник на Скопскиот аеродром. Таа претпладнево пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс", а на аеродромот беше пречекана од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, извршниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и претставници на компанијата.

Во кусата изјава за медиумите Николоска рече дека доаѓа во Македонија за претстојните празници и оти е изненадена, но и среќна што токму таа е два милионитиот патник.

„Ова е навистина големо изненадување. Многу ми е мило што јас сум избраниот патник. Се надевам дека ќе се множат уште многу во иднина“, рече Николоска.

Со зимскиот ред на летање од Меѓународниот аеродорм Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе