Од денеска продолжува наградната игра „Верна – една и единствена“

Денеска почна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Верна - една и единствена".

„Во овој тежок период на пандемија сакаме да им бидеме поддршка на нашите верни купувачи и барем за момент да бидеме причина за нивна насмевка. Токму затоа и во овие отежнати услови наградната игра продолжува, како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите купувачи во центарот на нашата работа“, велат од Макпетрол.

Од 1 март па се до крајот на годината се организира најголемата наградна игра во државата, „Верна - една и единствена“. Како и во досегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Верна картичката секој е потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени.

Главни награди се - скутер Хонда, моторцикл Хонда, гумен чамец комплет со приколка и мотор Хонда и финалната мастер награда – возилото Хонда џез хибрид (Honda Jazz Hybrid).

Нова Верна картичка може да се извади со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе