Од денеска НЛБ банка со кампања „Тинк грин“ за заштита на животната средина

НЛБ банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира НЛБ Тинк грин (NLB Think Green) кампања.

Во рамките на кампањата, организирани и планирани се повеќе општествено одговорни активности со цел ангажирање на клиентите и граѓаните да размислуваат зелено и да се вклучат во активности за здрава и зелена животна средина.

Првата акција од кампањата Банката ја почнува денеска со поттикнување на своите клиенти да го променат начинот на достава на фактурите и наместо на хартија, да ги добиваат во електронска форма.

За секоја промена на хартиена фактура во електронска фактура, НЛБ банка ќе донира по 10 денари. Поддршката ќе биде наменета за заштита на националните паркови во државата, со што првите собрани средства од оваа акција ќе бидат наменети за Националниот парк Маврово.

Клиентите ќе можат да го променат начинот на достава на фактурите во најблиската експозитура на банката, преку НЛБ контакт центарот на телефонскиот број 02/15-600, како и преку останатите дигитални канали на банката.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе