Незадоволство од владините мерки

Од денеска на пладне секој ден пред Владата протест на организаторите на настани

Компаниите кои се занимаваат со организација на настани со собир пред Владата на денеска напладне започнуваат серија на протести поради незадоволството од владините мерки за помош на нивната индустрија.

Од Асоцијацијата на ивент индустријата најавуваат дека протестите ќе се организираат секој ден од 12 до 15 часот до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение, бидејќи, како што велат, нивниот сектор во 2020 година бил еден од најпогодените од пандемијата и со пад на прометот од 62% се наоѓаат пред колапс.

„Јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и сите сме сведоци дека нема јавни настани, концерти и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, имаме надеж дека наскоро ќе можеме да работиме. Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува, а ние невидливи во сопствената држава“, велат од Асоцијацијата.

За претставниците на оваа индустрија последниот предлог на властите за организација на настани на кои ќе можат да се пријават компании од овој сектор е селективен и нефер и го отфрлаат, а од Асоцијацијата најавија дека нивните барања ќе ги повторат на денешниот протест.

„Компаниите во ивент индустријата немаат проблем со својот креативен капацитет, туку со неможноста да работат. Имаат проблем бидејќи не е возможно да се направи настан заради бројот на заболени и бројот на секојдневно починати, заради немањето на вакцини и најнизок процент на имунизација во регионот, заради препораките што секојдневно ги слушаме да не се групираме и да избегнуваме места каде што има поголеми групи на луѓе. Настаните се колективна енергија, настаните се искуство и ние точно знаеме што тоа значи. Ние немаме проблем да креираме содржини, туку истите да ги спроведеме во овие услови и притоа тоа да биде финансиски одржливо“, велат од Асоцијацијата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе