Од денеска минималната плата е 14.500 денари

Од денеска законски утврдената минимална плата од денеска во Македонија ќе изнесува 14.500 денари, што значи зголемување за 2.000 денари во споредба со досегашната.

Од Владата очекуваат со ова да се зголеми стандардот на работниците, но и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата.

Истовремено се очекува работодавачите да ги искористат и владините мерки за субвенционирање на придонесите за покачување на платите од 600 до 6.000 денари. Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планирани 2 милијарди и 400 милиони денари.

Инаку, минимална плата од 12.500 денари досега примаат 90 илјади граѓани. 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе