Од денеска ајкос на Филип Морис ТКП и во Македонија

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.

„IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје.

Од денес, IQOS може да се купи онлајн и да се најде во поголемите трговски центри во Скопје.

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година. 

Комерцијален текст

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе